Ангелот на Викторија со диплома по компјутерски науки ги замолче хејтерите кои се сомневаат во нејзините способности

Кармин

12/09/2018

13:43

2.770

Големина на фонт

а а а

Програмерката Линдзи Скот, која е дел од туторијал тимот за "Apple", е еден од водечките софтверски инженери. Таа правела видео инструкции за деца заедно со Бил Гејтс и Марк Закерберг, а воедно е и ангел на Викторија.

И покрај нејзината брилијантност, или токму поради тоа, таа се нашла на удар на критика од страна на онлајн хејтерите. 

Како една од водечките жени во светот на модата, но и во светот на кодирањето, Линдзи нема време за ваквите луѓе кои се сомневаат во нејзините способности.

"Воглавно пробувам да ги игнорирам хејтерите, но овој пат одлучив да се вклучам во коментарите. Не се обидувам да се фалам, само наведувам факти со надеж дека барем една личност што оставила негативен коментар ќе сфати дека програмерите доаѓаат во сите облици, полови и раси и добро ќе размисли кога следен пат ќе се сомнева во способностите на една жена", напишала Скот.

Иницијалните коментари се појавија на "Reddit" по фотографијата која ја прикажува Линдзи на писта, со образложение дека таа знае да програмира во "Python", "C++", "Java", "MIPS" i "Objective-C".

Меѓутоа, хејтерите биле скептични - тие се потсмевале со неа, тврдејќи дека единственото нешто што може да го "испрограмира" е "Hello World" - компјутерски програм кој ги прикажува овие два зборови на екранот на корисникот.

Но за среќа, постојат и такви кои ја сфатиле нејзината порака и целосно ја поддржале во она што таа го прави.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk