Боатенг откри што точно му кажал на Мурињо кога ја одбил неговата понуда за трансфер во Јунајтед

Дерби

12/09/2018

13:30

1.456

Големина на фонт

а а а

Жером Боатенг во текот на целиот летен преоден рок беше посочен како играч кој со голема сигурност ќе го напушти Баерн Минхен, но и покрај тоа што тоа го најавуваа и челните луѓе на баварскиот клуб, на крајот искусниот стопер остана на „Алијанц арена“.

Нико Ковач потенцираше дека нема никаков проблем со тоа и дека останувањето на Боатенг е голем плус за тимот, па сега јасно е дека дефанзивецот повторно ќе има место во стартната постава на германскиот шампион и покрај тоа што кокетираше со ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Посебен интерес секако предизвикаа шпекулациите за премин во Манчестер Јунајтед, клуб кој на крајот не успеа да му донесе ниту едно од петте посакувани играчи на Мурињо. Токму Боатенг беше еден од нив, а сега самиот стопер се реши да открие каква порака му испратил на португалскиот стручњак.

– Му се јавив на Жозе Мурињо и му кажав дека пројавениот интерес е голема чест за мене. Му се заблагодарив за тоа што на секаков начин се обидуваше да ме доведе во Јунајтед. Сепак, му објаснив дека многу е тешко да се напушти Баерн, а ако го направам тоа, се треба да биде на свое место во новиот клуб, – обелодени Боатенг кој со оваа изјава индиректно порача не видел доволно сериозен проект во она што му го понудил англискиот премиерлигаш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг