Кедира ќе остане во Јувентус до 2021 година

Макфакс

12/09/2018

13:23

1.138

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот шампион Јувентус стави крај на шпекулациите околу иднината на Сами Кедира, откако фудбалерот го продолжи договорот.

Во средата, Кедира ставил потпис на новиот договор со „старата дама“, кој ќе важи до јуни 2021 година. Клубот соопшти дека во договорот постои клаузула според која истиот може да биде продолжен до 2022 година.

Кедира, на социјалните мрежи, објави дека ќе остане во Јувентиус, со што стави крај на шпекулациите за можен трансфер во ПСЖ.

Германскиот репрезентативец стана играч на Јувентус во 2015 година, кога како слободен играч пристигна во Торино од редовите на Реал Мадрид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг