Судијата Рамос конечно се огласи и излезе со прв коментар за скандалот со Серена

Дерби

12/09/2018

12:31

3.344

Големина на фонт

а а а

Серена Вилијамс предизвика невиден скандал во големото финале на Ју-Ес опен и го обвини главниот судија Карлос Рамос за сексистичко однесување, а притоа не го поштеди и со сочни навреди кои го натераа португалскиот делител на правдата да преземе радикален чекор.

Како никогаш претходно во едно големо финале на Ју-Ес опен, Рамос одлучи да и одземе поен, а потоа и цел гејм на Серена Вилијамс, а иако со таквиот потег го навлече бесот на Серена и од страна на цела публика во Њујорк, сепак мнозинството коментари во светската тениска јавност се на негова страна.

Помладата од сестрите Вилијамс комплетно се исклучи и не бираше зборови при навредите кон португалскиот судија, а сега за првпат за оваа комплексна тема се огласи и самиот Рамос кој им порача на експертите и тениските фанови да не се грижат за него бидејќи нема никаква грижа на совест.

– Јас сум добро, без разлика на околностите во кои се најдов. Беше навистина деликатна ситуација, но селективно судење едноставно не постои кај мене. Не се грижете за мене, – гласи кратката порака која ја испрати Рамос во интервјуто за португалска „Трибуна Експресо“, јасно ставајќи акцент дека се водел според правилникот без разлика на тоа што од спротивната страна имаше голема шампионка како Серена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг