Словенците против приемот на земјите од Западен Балкан во ЕУ

Макфакс

12/09/2018

11:46

5.021

Големина на фонт

а а а

Слабата ЕУ нема да може да се прошири на Западен Балкан – рече Пахор на форумот во Блед вчера.

Европската Унија е ослабена од брегзитот и можеби ќе мора да ги одложи плановите за проширување на Западен Балкан, рече словенечкиот претседател Борут Пахор.


Пахор рече дека ЕУ не може да се надева дека ќе добие земји како Србија, Црна Гора и Албанија како нови членки во нејзината сегашна состојба, пренесува британскиот „Експрес“ на својата веб-страница.

Како што вели весникот, ЕУ понуди перспектива за пристапување на шест земји од Западен Балкан кои треба да исполнат строги критериуми за да бидат прифатени како нови членки.

Весникот потсетува дека преговорите за пристапување веќе почнаа со Србија и Црна Гора и дека 2025 година се спомнува како датум кога тие би можеле да станат полноправни членки на Унијата, како и дека ЕУ се надева дека дотогаш Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово веќе ќе бидат на добар пат за приклучување кон Унијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг