Задржувањето гасови може да ви го искомплицира здравјето, а еве и зошто

Точка

12/09/2018

11:17

3.234

Големина на фонт

а а а

Иако испуштањето гасови е нормална функција на нашето тело, на многумина им е непријатно во некои ситуација да испуштат гас, па се воздржуваат.

За жал, оваа пракса можеби ќе ве спаси од моменталната непријатна ситуација, но може да ве доведе до нешто многу поодвратно.

Експертите тврдат дека гасовите кои не сме сакале да ги испуштиме, се враќаат во крвотокот, а со циркулација доаѓаат до белите дробови и на крај можат да ви излезат низ уста, пренесува "Mirror".


"Следниот пат кога ќе почувствувате дека имате потреба да испуштите гас, едноставно појдете до просторијата во која можете слободно да го направите тоа. Тоа е најдобар избор, што се однесува до вашето здравје. Гасовите кои се акумулираат во вашите црева, можат да предизвикаат надуеност, но некои од нив исто така се враќаат во крвотокот и на крајот излегуваат со дишење", открил нутриционистот Клер Колинс.


Просечен човек, докторите тврдат дека испушта гасови до 15 пати на денот. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг