Путин му предложи на јапонскиот премиер да потпишат мировен договор

Макфакс

12/09/2018

11:02

1.226

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин денес му предложи на јапонскиот премиер Шинзо Абе да потпишат мировен договор меѓу двете земји до крајот на годината.

Русија и Јапонија се во спор околу синџирот на пацифичките острови и поради тоа официјално не потпишаа мировен договор по Втората светска војна.

„Една идеја ми падна на ум. Ајде да го заклучиме мировниот договор до крајот на годината, без никакви предуслови”, рече Путин, свртувајќи се кон Абе додека одговараше на прашања на економскиот форум во Владивосток.

Абе, кој седеше до Путин, не одговори ништо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг