Русија откри осомничени за случајот Скрипал, соопшти Путин

Макфакс

12/09/2018

10:54

1.389

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател, Владимир Путин изјави дека Русија идентификувала двајца мажи, осомничени дека го отруле поранешниот руски двоен агент, Сергеј Скрипал и неговата ќерка.

Случајот со труењето ги заостри односите на Русија со Велика Британија, а потоа и со останатите членки на НАТО кои ја поддржаа Британија и ја осудија Русија, која што официјален Лондон ја наоѓа одговорна за нападот.

Билансот на дипломатската војна е повлекување на амбасадори од Русија, но и контра мерки од Москва.

Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа пронајдени без свест на клупа во англискиот град Солзбери, а анализите од истрагата утврдија дека поранешниот руски агент и неговата ќерка биле отруени со нервен агенс новичок, кој, како што е наведено во извештајот, бил произведен во Русија.

Официјална Москва ги негираше обвинувањата и понуди помош во истрагата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг