Зошто треба да користите пилинг за коса и скалп?

Кармин

12/09/2018

10:19

2.246

Големина на фонт

а а а

Пилинг за лице и тело се неизбежни чекори во бјути рутината на повеќето жени, но што е со скалпот?

И на тој дел, баш како и на остатокот од вашето тело, потребено му е редовно да му правите пилинг. Тоа треба да го правите со цел да ги отстраните мртвите клетки од кожата, вели експертот за коса, Кристоф Робин, кој за британскиот "Vogue" објаснил какво влијание има на косата.


"Косата не би требало да ја миете повеќе од 1-2 пати неделно, а пилингот ќе ви помогне подолго да ви остане чиста. Со детоксикација на темето, односно отстранување на мртвите клетки еднаш неделно, косата помалку ќе се мрси и подолго ќе изгледа свежо и чисто", тврди експертот и додава дека тоа е една од добро чуваните тајни на шик Французинките.


Освен што овој еднонеделен пилинг ќе ви ја намали потребата за честото перење на косата, тој исто така со себе носи и бројни други предности. Благодарение на него, косата побрзо ќе ви расте, поради стимулација на циркулацијата, видно ќе ви се намали првутот и вашата коса ќе биде генерално поубава, посјајна и поздрава. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk