Фенербахче во јануари тргнува по потписот на Озил?

Точка

12/09/2018

11:07

1.247

Големина на фонт

а а а

Озил моментално е најплатениот фудбалер на „Емирати“ – зарботува околу 20 милиони евра годишно, меѓутоа често навивачите му замеруваат поради тоа што малку се залага на теренот.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Озил веќе и не бил во добри односи и со новиот тренер на „Топчиите“, Унаи Емери, па ситуацијата ќе се обидат да ја искористат од Фенербахче за да го доведат во клубот во јануарскиот преоден рок.

Сепак, обесштетувањето би можело да биде голем проблем за реализација на трансферот, затоа што од Арсенал наводно ќе побараат најмалку 45 милиони евра, износ кој што турскиот клуб тешко дека ќе го плати.

Покрај Фенербахче, наводно за услугите на Озил се заинтересирани и Манчестер Јунајтед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг