Погледнете како изгледа светот кој што ние го создадовме: Ова нема да тргне кон подобро, туку само ќе се влошува

Точка

12/09/2018

13:54

5.477

Големина на фонт

а а а

Трета година по ред во светот расте глобалната стапка на глад, после децении опаѓање, соопштија од Обединетите нации.

Гладот ширум светот расте од ден во ден веќе трета година по ред, а за сето тоа придонесуваат климатските промени и глобалните конфликти. Стапката на глад е скокната во речиси сите земји на Африка и Јужна Америка. Во 2017-та година имало 821 милиони гладни, што е едно лице на девет, според светскиот извештај изготвен оваа година.

„Без зголемување на напорите, постои ризик од непостигнување на целта за искоренување на гладот до 2030-та година“, стои во извештајот.


Уредничката на извештајот, Синди Холман изјави дека на достапноста и квалитетот на храната влијаеле растечката глобална температура, како и интензивните и непредвидливи дождови. Минатата година речиси 124 милиони луѓе од 51 земја се соочиле со критични нивоа на глад, предизвикани од конфликтите и глобалните климатски промени.

„Затоа мора да почнеме да делуваме уште сега“, изјави Холман која што инаку работи во Организацијата за исхрана и земјоделие при Обединетите нации.

„Стравуваме дека ситуацијата нема да тргне кон подобро, туку во иднина само ќе се влошува“, истакна таа.


Во понеделникот, Организацијата за заштита на деца, “Save the Children”, предупреди дека 600 илјади деца во воените зони би можеле да починат од глад до крајот на годината поради завојуваните сили во неколку региони кои што ја блокираат доставата на залихите.

Недостатокот на храна натера околу 2,3 милиони луѓе да побегнат од Венецуела од јуни оваа година, тврдат од Обединетите нации.



Спонзорирани линкови

Маркетинг