Ѕвездата на холивудскиот хит и нејзиното момче исчезнале, сомнежот паднал на кинеската влада

Точка

11/09/2018

20:53

3.878

Големина на фонт

а а а

Една од најголемите кинески филмски ѕвезди, 37-годишната актерка Фан Бингбинг и нејзиното момче Ли Чен, не се видени во јавноста последните 2 месеци. Постои сомнение дека се тајно уапсени.

Бингбинг е актерка, модел и пејачка, а на Западот е позната по улогата во холивудскиот блокбастер "X Man: Days of Futre past". 

Од 2013. година константно е на листите на најплатени кинески познати личности. Тоа можеби ја довело до истрагите поради кои таа е прогласена за "социјално неодговорна".

Имено, на пролет бил објавен извештај според кој таа избегнува плаќање на данок, односно има поголеми примања од тоа што го пријавува на државата.

Откако биле објавени тие обвиненија, Бингбинг повеќе не можело да се најде на социјалните мрежи, а последен пат била видена во јавност на 1. јули, кога посетила детска болница.

Минатата недела, објавен бил извештај на публикацијата "Securities Daily", со кој управува државата, кој набрзо бил отстранет од тој сајт, во кој е наведено дека Бингбинг "е под контрола и дека ќе прифати законска одлука". Во тој извештај било наведено дека нејзиното избегнување на плаќање на данок е само врв на ледениот брег и дека таа е осомничена за учество во разни форми на корупција.

Затоа многумина се посомневале дека таа е уапсена.

Масло на огнот додал и извештајот објавен во вторникот, кој го прават академците од државниот универзитет во Пекинг. Станува збор за Извештај за социјалната одговорност на кинеските филмски и телевизиски ѕвезди, а на него Бингбинг го заземала последното место со рејтинг од 0 проценти и била наречена општествено неодговорна.

Во извештајот, кој го објавиле бројни државни медиуми, рангирани биле 100 кинески познати личности на основа на три критериуми: професионална работа, хуманитарни активности и личен интегритет. Оценети се, наводно, според тоа дали се добри примери и какво влијание имаат на општеството.

Само девет лица добиле преодна оценка од 60 проценти или повеќе, а тројца од нив се од истиот машки бенд "TF Boys".

Неверојатно, но вистинито е тоа што дури и големата ѕвезда, Џеки Чен, добил лоша оценка и покрај тоа што со години се занимава со филантропска работа.

И додека државните медиуми ги фалат оние кои добиле добри оценки, корисниците на социјалните мрежи не можат да веруваат.

"Фан Бингбинг направи многу за јавната благосостојба. Да и се даде 0 не е во ред", напишал еден корисник на "Weibo".

Многумина потсетиле дека таа донирала милион јуани за помош по избивањето на голем пожар во Тијанџин.

"Зарем сите добри работи што ги направи се наеднаш избришани", прашал еден нејзин фан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг