Заминување на малото ангелче: Починала малата Русинка на која мајката ѝ ја одгризала устата бидејќи плачела: По една година мината во ново семејство, Кача заспала и не се разбудила

Точка

11/09/2018

18:44

3.169

Големина на фонт

а а а

9-годишната Кача Спасивчева од Русија починала по ненадеен срцев застој. Малата Кача е позната во јавноста по преживувањето на трагичната тортура од својата мајка Људмила, која во 2015. година и ја одгризала устата бидејќи плачела.

Кача, која боледувала од церебрална парализа, се разбудила една вечер и неутешно плачела, што ја разлутило нејзината мајка. Бесна што ќерка и ја разбудила, Људмила и пришла и почнала да ја тресе и удира, но бидејќи девојчето заплакало посилно, во налет на хистерија мајка и ја одгризала усната. 

Несреќното девојче со денови било во рани и болки пред Људмила да одлучи да ја одведе на лекар. Кача веднаш било хоспитализирана, а докторите откриле дека мајката во налет на бес се обидела да и го одгризе и носот, но не успеала во својата намера.

На девојчето во текот на прегледот му пронашле бројни повреди и модринки по телото. Детето било одземено од мајката и повеќе од една година минало по бројни болници, каде било откриено дека боледува од низа болести кои се предизвикани од занемарување. Минатата година среќата на кратко и се насмеала на Кача, бидејќи се појавила Ана Макарова Бесполова, која одлучила да ја посвои.

Кача последната година уживала во љубовта и среќата која ја примила од Ана и нејзиното семејство. А потоа, пред некое утро, Ана повеќе не можела да го разбуди девојчето.

"Не бевме подготвени за тоа нашата Кача, нашата Катјуша, да не напушти засекогаш. Ни се случи огромна трагедија".




Спонзорирани линкови

Маркетинг