Де Лаурентис со неочекувано барање до УЕФА: Ќе платам 1000 автобуси од свој џеб за да играме на друг стадион

Дерби

11/09/2018

20:03

3.091

Големина на фонт

а а а

Наполи се најде во исклучително тешка група во Лигата на шампионите во која ќе ги одмери силите со ПСЖ, Ливерпул и Црвена Звезда, но ако според многумина стадионот „Сан Паоло“ може да претставува силно оружје за „наполитанците“ во обидот да освојат едно од првите две места, такво мислење очигледно не дели контроверзниот газда на клубот.

Аурелио Де Лаурентис веќе неколку месеци води жестоки караници со властите во градот поради високата цена за користње на стадионот „Сан Паоло“, па сега првиот човек на Наполи призна дека побарал дозвола од УЕФА тимот да ги игра своите натпревари во Бари.

– Започнавме конструкции за наш стдион, јасно е дека вака не можеме да продолжиме. Никој нема да може ништо да ни каже кога ќе си имаме наш стадион. Целиот тој проект ќе треба да трае околу две години. Разговарав со УЕФА и веќе побарав да ги играме натперварите од ЛШ на „Сан Никола“, стадинот на Бари. Подготвен сум да платам 1000 автобуси од свој џеб за секој натпревар кој ќе го одиграме таму, – открива Де Лаурентис за „Кориере дело Спорт“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг