СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ денеска да ги повика своите членови да излезат и да гласаат „за“ европска Македонија

Макфакс

11/09/2018

17:51

747

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност за државата и историскиот момент и наместо при јавно достапен договор да шири невистини, да се приклучи во процесот што ја води Македонија во ЕУ и НАТО, реагираа од владејачкиот СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Постигнатиот договор со Грција ги отвора евроинтегративните перспективи и го зајакнува и заштитува македонскиоит идентитет. Со договорот, Грција го признава македонскиот идентитет, а македонската посебност е потврдена еднаш засекогаш. Со влезот во ЕУ и НАТО, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо стануваат официјални во заедници од над 500 милиони луѓе. Тоа е трајна заштита на македонскиот јазик“, стои во реакцијата на СДСМ.

Од партијата додаваат и дека договорот со Грција е историски најдобра и фер шанса за македонските граѓани, и посочија дека со него се отвора патот за влез во НАТО и ЕУ со заштитен и загарантиран македонски идентитет. Од СДСМ уште еднаш ја повикаа опозицијата да ги повика своите членови и симаптизери да ја искористат историската шанса, да излезат на референдумот на 30 септември и да гласаат „за“ влез во ЕУ и НАТО, да гласаат „за“ европска Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг