Чоло го „поздрави“ Куртоа и појасни каков статус би имал сега во Атлетико

Дерби

11/09/2018

17:16

1.823

Големина на фонт

а а а

Тибо Куртоа ги искористи последните денови од летниот преоден рок за да го комплетира долго најавуваниот премин во Реал Мадрид, потег со кој експресно ги налути фановите на Челси, но и оние на Атлетико Мадрид во чии очи порано беше голем миленик.

Белгискиот голман цели три сезони го носеше дресот на Атлетико, но мора да се напомене дека Чоло Симеоне не очајуваше премногу за заминувањето на Куртоа, бидејќи многу брзо пронајде феноменален чувар на мрежата во Јан Облак.

При гостувањето во ексклузиваната емисија на „Кадена Копе“, аргентинскиот стручњак доби прашање што мисли за преселбата на Курота во лутиот ривал Реал, а со одговорот испрати јасен „поздрав“ до новиот голман на „кралевите“.

– Куртоа нема да биде стартер во Атлетико Мадрид во овој момент. Облак е подобар голман и воопшто не нè интересира што се случи. Јас само се надевам дека Облак ќе го продолжи договорот со Атлетико. Клубот работи во таа насока и се надевам дека двете страни ќе пронајдат решение, – порачува Чоло.



Спонзорирани линкови

Маркетинг