Пејачката во никогаш поприродно издание ја краси насловната страница на магазинот Vogue

Точка

11/09/2018

15:13

2.475

Големина на фонт

а а а

Лејди Гага во последно време негува природен изглед што ѝ осигура уште една фотосесија за престижниот моден магазин. Пејачката ја сними својата трета насловна страна за американскиот Vogue, овој пат со минимална шминка и е поубава од кога и да било.

Веројатно и Вие како и ние ги погледнавте фотографиите два пати за да се уверите дека тоа е Лејди Гага која сè уште не сме навикнале да ја гледаме во природно издание. Пејачката на насловната страна има само пудра, сенка и сјај за усни, откри за Vogue шминкерката која ја шминкаше Лејди Гага. 

Гага за насловната фотографија носи едноставен црн фустан со танки прерамки што е многу поразлично од вообичаениот провокативен изглед кој во последно време стана повеќе смирен и женствен.



Спонзорирани линкови

Маркетинг