Сугарески: Владата ќе инвестира над 100 милиони евра во изградба и реконструкција на водоводи и канализации

Макфакс

11/09/2018

15:12

1.052

Големина на фонт

а а а

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески за време на денешната посета на општината Дојран, порача дека преку Владата на општините ќе им се обезбедат преку 100 милиони евра, што ќе бидат наменети за проекти од водоводната и канализационата инфраструктура.

На средбата со градоначалникот на Дојран, Анго Ангов и со граѓаните, се разговараше за инфраструктурните проекти што се реализираат во општината, а кои се од големо значење за целокупниот развој на Дојран. 

“Овие пари ќе можат да се искористат за изградба на канализации и водоводи и затоа апелот е до општините да подготват ревидирани проекти и да ги достават до Владата. Секоја општина да си утврди приоритетни проекти, а ние ќе им помогнеме за нивна реализација. Ова е еден од начинот да ги подобриме условите на живот на граѓаните”, изјави министерот Сугарески. 

Тој најави дека Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски ќе инвестира 70 милиони евра за изградба и реконструкција на локалните патишта во општините. 

На средбата со градоначалникот се разговараше и за реализација на проекти кои ќе го унапредат туризмот во општината, како и за подобрување на условите за привлекување на нови домашни и странски инвеститори. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг