Со постудените денови повторно се враќа и еден од многуте Ваши омилени модели.
Станува збор за карирани модели кои на есен повторно ќе оживеат, особено блејзерите и капутите. High street бутиците со различни модни парчиња се преполни со карирани модели, а ќе пронајдете одлични преодни карирани парчиња кои сјајно ќе се вклопат во Вашата гардероба за сите годишни времиња.
Големите модни куќи го вратија овој пример и на пистите и тоа во вистински ретро стил што прилично нè радува, бидејќи изгледа дека и овој пример наскоро ќе добие свој безвременски потпис.
Доколку мислите дека низ годините овој тренд избледил, Ви даваме можност нашите Инстаграм трендесетерки да Ве уверат во спротивното.