Потврдено: УЕФА воведува и трето натпреварување

Точка

11/09/2018

15:31

1.463

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Европската асоцијација на клубови, Андреа Ањели потврди дека третото клубско натпреварување на УЕФА добило зелено светло и наскоро ќе се придружи на Лигата на шампионите и Лига Европа.

Ањели на денешното Генерално собрание откри дека од сезоната 2021/2022 ќе добиеме ново клубско натпреварување во Европа.

„Додека се уште се чека потврда од извршниот комитет на УЕФА, можам да кажам дека е дадено зелено светло да се воведе и трето натпреварување, со што вкупниот број на клубови кои што ќе се натпреваруваат во Европа ќе се искачи до 96 и тоа од сезоната 2021/2022“, изјави Ањели.

Форматот на ова натпреварување се уште не е откриен, но се верува дека ќе биде сличен на некогашниот Куп на победници на куповите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг