Необична промоција: Марадона пристигна во „царството на кокаинот“ и проговори за своето минато со дрогата

Дерби

11/09/2018

10:27

1.813

Големина на фонт

а а а

Диего Армандо Марадона изминатава ноќ беше претставен како нов тренер на мексиканскиот клуб Синалоа Дорадос, а неговата промоција предизвика огромно внимание во светската спортска јавност бидејќи легендарниот Дон Диего пристигна во град кој се води како „царство на кокаинот“ во Јужна Америка.

Од овој град потекнува озлогласениот Синалоа картел по кој е именуван и клубот за кој сега ќе работи Марадона, а бидејќи дел од новинарите му посочија каква историја има овој град со кокаинот и останатите опојни средства, аргентинската фудбалска легенда реши промоцијата да ја одведе на сосема необична страна, говорејќи за своето минато со дрогата.

– Пред 15 години се излечив од мојата болест, од зависноста кон дрогата, тогаш си го губев само времето. Тогаш сите велеа дека никогаш повеќе нема да работам нешто во животот, но еве сум тука пред вас. Дрогата беше огромен чекор назад за мене, а фудбалерот секогаш мора да гледа само напред. Благодарение на моите ќерки, успеав да продолжам напред. Никогаш нема да го заборавам моментот кога мојата четиригодишна ќерка ме разбуди од кома. Тука сум за да работам и да го оставам своето срце за клубот. Не сум тука за ништо друго, – потенцираше Марадона на официјалната презентација во мексиканскиот клуб кој се натпреварува во втората лига.



Спонзорирани линкови

Маркетинг