Ердоган: Целиот свет би можел да ја плати цената за Идлиб

Макфакс

11/09/2018

10:23

1.416

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган предупреди дека офанзива на сириската влада во регионот на Идлиб би можела да предизвика хуманитарни и безбедносни ризици по Турција, Европа и пошироко.

Ердоган за „Вол стрит журнал“ порачува дека целиот свет би можел да ја плати цената ако меѓународната заедница не преземе акција да го спречи тоа.

Според него, Русија и Иран се исто така одговорни за спречување на хуманитарна катастрофа во Идлиб, објави Ројтерс.

Русија побара вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за резултатите на најновиот состанок на лидерите на трите земји гаранти на примирјето во Сирија – рускиот претседател Владимир Путин, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Иран, Хасан Рохани, изјавил портпаролот на руската мисија во ОН, пренесе Тас.

Путин, Ердоган и Рохани во петокот во Техеран го одржаа третиот состанок посветен на решевањето на сириската криза.



Спонзорирани линкови

Маркетинг