Стратегијата за развој на граѓанскиот сектор денеска на владина седница

Макфакс

11/09/2018

10:17

943

Големина на фонт

а а а

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи редовната, 88-ма седница. На предлог на Генералниот секретаријат на Владата, на седницата ќе биде разгледана предлог стратегијата за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, со Акциски план 2018-2020-та година.

Министрите денеска ќе дебатираат и за информацијата за националниот акциски план за отворено владино партнерство со предлог национален акциски план за отворено владино партнерство 2018-2020- та година.

На предлог на министерство за труд и социјална политика, дел од точките на седницата е предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

На дневен ред е и предлог – законот за јавните набавки, предложен од министерството за финансии, соопшти владината прес-служба.

Владата денеска ќе расправа и за информација на министерството за здравство, со акциски план за сексуално и репродуктивно здравје 2018-2020-та година.

88-мата редовна седница на Владата на Република Македонија ќе започне во 12:00 часот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг