Повеќе од 100 бегалци се удавија на брегот на Либија, преживеаните ги апсат

Макфакс

11/09/2018

10:15

909

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 100 бегалци се удавија на почетокот на септември кога гумените чамци во кои се превезувале потонале на брегот на Либија, соопшти организацијата Лекари без граници.

Бегалците со два чамци тргнале од Либија на 1 септември, рано утрото, а во нив се наоѓале голем број луѓе, претежно Африканци, се наведува во соопштението на организацијата.

На едниот чамец се расипал моторот, додека вториот започнал да се издишува, изјави еден од преживеаните.

Либиската крајбрежна стража голем дел од преживеаните ги префрлила до либиското пристаниште Хомс на 2 септември, објавија Лекари без граници. Еден од преживеаните вели дека меѓу многуте удавени имало деца и цели семејства.

„Тие можеа да бидат спасени ако спасувачите пристигнеа порано“, рече неуменуваното лице. Во чамците имало бегалци и мигранти од Судан, Нигерија, Камерун, Гана, Либија, Алжир и Египет.

Организацијата Лекари без граници наведе дека преживеаните сега во Либија се соочуваат со дополнителни проблеми.

„Наместо да ја добијат поддршката што им е потребна, бегалците и мигрантите ги апсат и притвораат во тажни животни услови, без основни мерки за правна помош“, наведува организацијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг