Лук Шо ќе паузира две средби

Макфакс

11/09/2018

09:52

1.010

Големина на фонт

а а а

Левиот бек на Манчестер јунајтед, Лук Шо, поради повреда ќе ги пропушти наредните две средни на својот тим.

Шо се повреди, во неделата, на натпреварот во Лигата на Нации, помеѓу Англија и Шпанија (1:2).

Играчот на Манчестер јунајтед на почетокот на второто полувреме, по еден вообичаен фудбалски дуел со Дани Карвахал, остана да лежи на теренот, а откако неколку минути му се укажуваше лекарска помош, тој беше изнесен на носилки од теренот.

Според прогнозите, Шо, минал само со полесна повреда и нема да биде во тимот за мечот со Вотфорд, в сабота и веројатно за првиот меч против Јанг Бојс во Лигата на шампионите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг