Нов есенски тренд: Сакото во новата сезона ќе се носи вовлечено во панталоните

Кармин

11/09/2018

09:27

3.722

Големина на фонт

а а а

Новите трендови не секогаш подразбираат и купување на нови парчиња облека. Понекогаш станува збор само за нов начин на стилизирање на облеката која веќе ја поседувате во ормарот, а токму тоа се случува и оваа сезона со сакото.

Во есента која нѝ претстои, слободно можете да продолжите да го носите своето старо сако кое сте го купиле минатата година или можеби пред неколку години, но единствената промена која треба да ја направите е да го носите вовлечено во панталоните. 

Ви звучи лудо? Дозволете една од пионерките на овој тренд да ве увери во спротивното:


Освен Кендал Џенер, ваквиот тренд го одобри и дизајнерката Изабел Марант во својата колекција за есен 2018 година, но и бројните модни инфлуенсерки кои со своите стајлинзи ќе ве заинтригираат за овој тренд.

Иако звучи прилично едноставно, со цел во потполност да го совладате овој тренд важно е да се придржувате до одредени правила.

За почеток, одбегнувајте тесни модели на панталони. Сакото најдобро ќе изгледа вовлечено во панталони со широки ногавици кои секако се најавени како хит модел за оваа есен, а пожелно е да поседуваат и висок струк.

Исто така, бирајте сако кое има тесен крој и кое е направено од лесен материјал.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk