„Жоргињо? Монтоливо со пад во формата е подобар од него“

Точка

11/09/2018

09:08

1.176

Големина на фонт

а а а

Агентот на Рикардо Монтоливо тврди дека неговиот клиент е подобар играч за врска од ѕвездата на Челси.

Џовани Бранкини, агентот на фудбалерот на Милан, во изјава за „Кориере Дело Спорт“, порача дека Монтоливо е подобар од Жоргињо и ја изнасмеа цела Италија.

„Ако мора Жоргињо да игра во репрезентацијата, тогаш можам да кажам дека мојот Монтоливо, кој што има скандалозен пад на формата, е многу подобар играч од него“, изјави Бранкини.

33-годишниот играч за врска на Милан нема настапено во дресот на италијанската репрезентација од 2017-та година, додека пак Жоргињо кој што ова лето се пресели од Наполи во Челси се смета за иднината на „Аѕурите“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг