Интерпол ги ослободил децата кои работеле во илегални рудници на злато: 10-годишни деца биле во контакт со жива и цијанид

Точка

10/09/2018

21:28

2.157

Големина на фонт

а а а

Спасените жртви се од Чад, Еритреја, Нигер, Конго, Јужен Судан и Судан.

Полицијата во Судан спасила 94 жртви на трговија со луѓе, вклучувајќи 85 деца, од отворен рудник за злато во близина на Картум и меѓународниот аеродром, соопштил денес "Interpol". 

Во соопштението на Меѓународната полициска организација, која ја координирала операцијата минатиот месец, 14 лица, од кои 12 жени, биле уапсени, пренесува "AP".

Полицијата во текот на операцијата пронашла 20.000 долари, а "Interpol" соопштил дека верува дека станува збор за откуп добиен при киднапирање на мигранти.

Голем број од спасените жртви се деца, некои на возраст од само 10 години, а биле пронајдени како работат во илегални рудници за злато, а биле и во контакт со жива и цијанид.

Спасените жртви се од Чад, Еритреја, Нигер, Конго, Јужен Судан и Судан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг