Советски војник во Авганистан исчезнал пред 30 години! Дали е ова тој?

Точка

10/09/2018

20:21

4.081

Големина на фонт

а а а

Советскиот војник Игор Билокуров, исчезнал во Авганистан во 1988. година. Неговата 78-годишна мајка од Украина, од каде е и исчезнатото момче, се помирила со фактот дека никогаш повеќе нема да го види својот син.

Таа дури и му направила надгробен споменик, уверена дека е мртов. 

Но, неодамна се појавила една снимка од Авганистан, на која се наоѓа маж кој има многу физички сличности со исчезнатиот војник. Рекол само дека доаѓа од Украина.

Група воени ветерани отпатувале во Авганистан за да видат за што збор, и нормално, за да дознаат нешто повеќе за овој случај.

Таму пронашле маж кој им ги покажал раните кои ги добил во експлозија. Рекол дека го изгубил паметењето и дека не се сеќава на ништо. Ветераните му земале примерок од ДНК.

"Верувам во науката. Кога резултатите ќе бидат готови, ќе знаме дали е тоа Игор Билокуров".

Старите пријатели и семејството на Игор се уверени дека станува збор за него.




Спонзорирани линкови

Маркетинг