Питер Крауч пред два дена предизвика многу рекации на социјалните мрежи откако призна дека не го разбира форматот на новоформираното натпреварување, Лига на нации, но сепак денеска се најде во центарот на вниманието на домашната јавност поради признанието кое го имаше во својата колумна за „Дејли меил“.
Поранешниот англиски репрезентативец во својата богата кариера имаше период кога настапуваше за Ливерпул, па после долги години, сега реши да откри една интересна и необична приказна поврзана од деновите кога штотуку пристигнал на „Енфилд Роуд“.
– Кога потпишав за Ливерпул, престојував во „Хопе Стрит“ хотелот, а таму на рецепцијата сретнав многу убава девојка која мислев дка постојано ми се смешка на мене. Прво му ја раскажав приказната на Карагер, а бидејќи тој се налути, побара да ја раскажам истата пред сите. Го направив тоа, а притоа и ја опишав девојката. Им порачав дека станува збор за убава црна девојка која доаѓа од Шпанија. Им кажав на момците дека си ја пробав среќата, но отпосле дознав дека таа е сопруга на Чаби. Немаше никакви проблеми, сите сфативме за какво недоразбирање станува збор, па за тоа беше известена и госпоѓа Алонсо, – се потсетува Крауч за својата луда приказна од 2005 година кога првпат ја видел Нагоре Арамбуру.