Тажни сцени од населбата Мати во Грција по страшните пожари: Запалени земјата и куќите, а во воздухот уште се чувствува мирисот на изгорено

Точка

10/09/2018

16:25

2.532

Големина на фонт

а а а

На фотографиите може да се види изгорената земја, растенија и дрвја, па целата населба изгледа како град на духови.

Страшниот пожар кој ја погодил Грција и тоа подрачје на источна Атика во јули однел 96 животи, а голем број на луѓе биле повредени. Огнот избил одненадеж, а поради силниот ветер незапирливо се шири. 

Спасувачите не одреагирале на време, а голем број на домашни жители и туристи настрадале во обид да побегнат од огнената стихија.

Најтешко погодена е населбата Мати, која станала симбол на најголемата национална трагедија во Грција.

Фотографиите од оваа населба неодамна биле објавени на Фејсбук страната "Live From Greece" и луѓето кои уште можат да видат каков пустош оставил огнот.

Девојка која објавила фотографија во својата објава истакнува дека воздухот уште мириса на изгорено и глетката е толку тажна "што ќе ве заболи душата".

На фотографиите може да се види запалена земја, растенија и дрвја, па целата населба делува како град на духови.

Тажно е кога ќе помислите дека тука некогаш изобилувало од живот и дека насекаде имало луѓе, а дека сега се останати само тажни сцени.

Многу луѓе ги изгубиле своите сакани, па ова за нив вечно ќе биде потсетник на тоа што толку сурово и одненадеж го изгубиле.

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас на 4. септември ја посетил оваа населба, за да го гледа како напредува работата на санирање на штетите по страшниот пожар.

Ова била негова втора посета на познатото одморалиште, кое било целосно изгорено во пожарот.

Прв пат отишол неколку дена по катастрофата, рано наутро, без присуство на камери и медиуми.

Според пишувањето на новинската агенција "AHA", министерството за внатрешни работи досега издало околу 6,5 милиони евра помош за 2.674 загрозени лица, за да се покријат итните трошоци. Исто така, пари добиле и 1.112 корисници за поправки околу домаќинствата. Кон крајот на август грчките власти започнале со рушење на запалените објекти во населбата Мати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг