Како Путин се пресметува со противниците: Полицијата ги тепаше и апсеше демонстрантите кои што бараат да ја доживеат пензијата...

Точка

10/09/2018

15:42

2.295

Големина на фонт

а а а

Руската полиција притвори повеќе од 800 луѓе кои што демонстрирале против планираното зголемување на старосната граница за пензија, а властите ги прогласија за нелегални таквите собири, додека популарноста на Путин во Русија поради мерката опаѓа.

Протестите кои што беа организирани од опозициските лидери се предизвик за руските власти кои што се надеваат на што поголема излезеност на регионалните избори кои што се одржуваат во недела.

На фотографиите и видео снимките од протестите кои што се одржуваат во повеќе од 80 градови ширум Русија, може да се види како полицијата применува сила за да ги растера демонстрантите, ги тепа учесниците на протестот и ги апси.


Организацијата за човекови права „ОВД-Инфо“ која што ги следи притворањата, открива дека полицијата во неделата, во 33 градови во Русија притворила 839 лица, вклучувајќи ги и најблиските соработници на главниот руски опозиционер, Алексеј Навални.

Најголемата бројка на уапсени е во Санкт Петербург, каде што биле притворени 354 лица, иако тамошните власти го одобриле собирот, а потоа се премислиле. Новинската агенција „Интерфакс“ го цитираше министерот за внатрешни работи кој што изјавил дека во Санкт Петербург биле притворени околу 100 лица, а во Москва само „неколкумина“.


Препорачаните мерки за зголемување на старосната граница за пензија ја намалија поддршката на Путин за 15%, а тоа е најнепопуларната мерка од 2005-та година. Демонстрантите истакнуваат транспаренти во кои што порачуваат дека сакаат „да ја доживеат“ пензијата.

Руските власти најавија дека старосната граница за заминување во пензија на мажите ќе се зголеми од 60 на 65 години, а за жените од 55 на 63 години, а новата мерка од страна на властите во Москва беше лицемерно објавена на 14-ти јуни, односно на денот на почетокот на Светското фудбалско првенство во Русија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг