Никогаш поудобен тренд: Оваа облека ќе можете да ја носите секаде, во текот на есенскиот, но и зимскиот период

Кармин

10/09/2018

12:51

2.642

Големина на фонт

а а а

Колку и да обожувате да носите фармерки, здолништа и фустани, сепак омилена облека на сите ни е пријатното домашно издание, кое речиси не го чувствуваме на себе.

 Иако хеланките спаѓаат во тие парчиња облека и лесно се вклопува во дневните, па дури и вечерните комбинации, новиот есенски тренд гарантира уште поголема удобност, но и вистински шик изглед.

Станува збор за плетени комплети, кои наликуваат на тренирки, меѓутоа се погодни за повеќе прилики.

View this post on Instagram

Monday’s comfy fit

A post shared by Ella McFadin (@ellaarose) on

Овој нов тренд ќе ве грее во есенските, но и во зимските денови, бидејќи одлично се вклопува со кожна јакна и зимски капут. Покрај тоа, ова е совршен избор за патување, бидејќи ќе ви биде многу удобно, а во оваа комбинација ќе се чувствувате доволно средено, за со истата облека ќе можете да се прошетате низ градот или да одите на ручек. "High street" брендовите, добро се опремени со оваа дневна комбинација, па нема да ви биде проблем да пронајдете некоја и за себе.

Можете да ја комбинирате со разни видови чевли, а најубаво ќе прилега со ниски чизми и спортски патики. Што се однесува до модните додатоци, тука ве препуштаме на вашата фантазија и инспирацијата на тренсетерките. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk