O’Нил повторно ја „пецна” јавноста околу Коби: Тој тоа го сака, јас го знам него многу добро

Дерби

10/09/2018

12:00

2.358

Големина на фонт

а а а

Поранешната НБА легенда, Шекил О’Нил повторно реши да пушти „бубачки во јавноста” околу евентуалното враќање на Коби Брајант на кошаркарските терени во НБА лигата.

Според О’Нил, враќањето на Брајант ќе биде нешто најголемо кое се случило во НБА историјата и без проблеми ќе може да одигра 15-20 минути на теренот.

- Тој никогаш нема отиде да игра во лигата ,,3×3” пред да се врати во НБА лигата. Неговото враќање ќе биде најголемо нешто што се случило во НБА историјата. Со самото негово стапнување на теренот, продажбата на дресови ќе се зголеми тројно, што за еден ден ќе направи нешто што не му успева на некој за цела година. А верувајте, дека без проблем може да одигра 15-20 минути на теренот. Коби го сака тоа, јас го зборувам ова зошто знам, – изјави О’Нил.



Спонзорирани линкови

Маркетинг