И тоа се случи. Долгонајавуваниот НБА рап дуел меѓу ѕвездата на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс и ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Кевин Дурант излезе во јавноста со песната која ја имаат снимено пред 7 години.
Всушност песната ја снимиле кога беше локаутот во НБА лигата во 2011 година, кога и немаа попаметно што да прават, па решија да се пробаат и во музичките води, како тоа што го направи Шекил О’ Нил пред две децении.
Според музичките критичари, овие двајца кошаркари имаат можност да направат блескава кариера и во музичките води, зошто според првата песна, дефинитивно имаат потенцијал.
Ужувајте во песната на дуото Џејмс-Дурант со наслов ,,Не е лесно”.