Пуштени од притвор двајцата турски војници кои беа уапсени во Грција

Макфакс

10/09/2018

10:43

988

Големина на фонт

а а а

Двајца припадници на турскиот воен персонал, кои беа уапсени вчера во Грција под сомневање за нелегално преминување на границата, утринава беа ослободени од притвор.

Според соопштението на турската војска, војниците се обидувале да уапсат мигранти кои илегално сакале да ја преминат границата со Грција, но случајно тие ја преминале границата по што беа уапсени од страна на припагниците на грчката полиција.

Грчките медиуми вчера објавија дека за време на нивното апсење се слушнале и истрели но портпаролот на грчката армија ги негираше ваквите наоди во медиумите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг