ВМРО-ДПМНЕ: Единствено што функционира е делењето на тендери, грантови и стипендии на функционерите од власт

Макфакс

10/09/2018

10:37

661

Големина на фонт

а а а

Криминалниот картел на власта на најбезобразен начин зад превезот на прашањето за името и референдумот врши грабеж на сопствениот народ и сопствената држава, обвини ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата порачуваат дека економијата е во целосен хаос, а единствено што функционира совршено е делењето на тендери, грантови и стипендии на функционерите од власт.

„Стопанството се гуши во овој економски колапс, граѓаните осиромашуваат, цените растат, а стандардот опаѓа. Само во шминканите статистики на владата економијата расте. Но и во таква ситуација тие не може да го одречат фактот дека македонската економија пораснала во вториот квартал со трет најнизок процент во споредба со останатите земји во Европа. Второ, овој процент кој криминалниот квартал го слави е во споредба со вториот квартал минатата година кога бележеше пад, што значи реалниот раст е незначителен. Третиот факт е дека и овој резултат е благодарение на економската активност на ТИРЗ-овите кои СДСМ во време кога беше опозиција ги ругаше“ се наведува во соопштението.

Загрижувачки е, како што велат од партијата, показателот дека освен што нема покачување на капиталните инвестиции, активноста во градежништвото и натаму е ниска, а постои и пад во ИТ секторот. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тоа е само потврда дека отсуствува реална и развојна економска политика кај оваа власт. Тоа, според нив, граѓаните го чувствуваат по својот грб и по својот џеб, додека картелот на власт се богати.

„Ова мора да престане. Криминалниот картел на власт треба да падне, за на Македонија и тргне. Само така на Македонија и престои европска иднина, бидејќи оваа неспособна власт не може тоа да го обезбеди“ додаваат од опозициската партија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг