Дом за хендикепирани деца од пеколот: Ги тепале, дрогирале, па им го оперирале мозокот

Точка

10/09/2018

12:39

3.202

Големина на фонт

а а а

Црквена установа во германски Ротенбург го истражува своето мрачно минато откако голем број на поранешни штитеници се почесто ги изнесуваат своите ужасни судбини од детството.

60-годишниот Клаус Бринјес своето детство го минал во Домот за хендикепирани деца во Ротенбург во германската покраина Долна Саксонија. Тој е еден од десетина илјадите деца во пост-воениот период кои што биле физички злоставувани, дрогирани и користени за медицински експерименти во домот.

„Не знаевме за слобода и самостојни одлуки. Немирните ги контролираа со разни лекови и ги заклучуваа во ќелиите“, раскажува Бринјес.

Книгата под наслов „Зад зелените порти: Ротернбуршката установа 1945-1975“ открива дека немирните деца добивале разни седативи во дози дури пет пати поголеми од препорачаните. На малолетните деца биле тестирани нерегистрирани лекови со цел да се спречи мокрењето во кревет или да се сузбие сексуалниот нагон на машките штитеници во домот.


Фармацевтот Силвија Вагнер од Крефелд била посебно шокирана кога во документацијата прочитала дека во Ротенбург биле извршувани операции на мозокот на адолесцентите и при операциите, делови од мозкот биле непоправливо уништени. Нејзините истражувања откриваат дека некои деца дури и не биле физички или ментално заостанати.

„Обично уште додека биле бебиња пристигнувале во домот. Со соодветна грижа, некои од нив можеле да водат нормален и исполнет живот“, изјави Вагнер.

Историчарот Ханс-Валтер Шмул открива дека во домовите биле применувани казнени ритуали. Вработените ги тепале штитениците со разни инструменти, ги врзувале и заклучувале.


„Тие вработени биле константно преоптоварени со работа. Многу жртви и ден денес ги чувствуваат последиците, но голем број од нив со зачудувачка жилавост се избориле за сопствениот живот“, изјави Шмул.

Бринјес кој како дете заболел од детска парализа, поради што до осмата година можел само да ползи, се сеќава: „Некои деца толку многу ги претепуваа, што не можеа да седат на столица“.

Германското министерство за социјални прашања, покраината и црквата сакаат да расчистат со мрачното минато и да им помогнат на жртвите. Поради тоа, уште во 2007-ма година била основана фондацијата „Признание и помош“, а до крајот на 2019-та година жртвите можат да се јават и да побараат помош. Освен тоа што ќе им биде признаена претрпената болка, тие ќе бидат обесштетени со 9 илјади евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг