Поранешниот советник на Трамп осуден на 14 денови затвор бидејќи ги лажел ФБИ за врските со Русија

Точка

08/09/2018

12:46

1.478

Големина на фонт

а а а

Пападопулос бил надворешнополитички советник на Трамп за време на предизборната кампања за претседателските избори.

Поранешниот советник во предизборниот штаб на Доналд Трамп, Џорџ Пападопулос, кој во октомври минатата година признал дека ги лажел агентите на ФБИ во истрагата за наводното мешањето на Русија во кампањата на Трамп, е осуден на 14 дена затвор. 

Освен затворската казна, Пападопулос добил и 12 месеци условна, 200 часа општествена работа и парична казна од 9.500 долари.

Пападопулос лажел за своите конктати со луѓе, кои твдреле дека имаат врски со највисоки руски службеници, навел во судските документи специјалниот советник Роберт Мулер.

Тој потоа станал главен соработник на специјалниот советник Роберт Мулер, во моментот кога Мулер ја истражувал наводната вмешаност на Русија во претседателските избори во САД и наводната соработка со соработниците на Трамп.




Спонзорирани линкови

Маркетинг