Американскиот рапер Мак Милер е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес во областа Сан Фернандо пренесува порталот TMZ. Раперот имаше само 26 години.
Милер и во своето минато имал проблеми со злоупотреба на дрога и засега се претпоставува дека младиот рапер почина од предозирање.
Раперот во месец мај ја прекина две годишната врска со пејачката Аријана Гранде, а не многу долго после тоа направи сообраќајка каде го уништи својот Mercedes SUV. Тој бил уапсен поради возење под дејство на наркотици и алкохол и поради бегање од местото на несреќата.
Откако беше уапсен, Аријана Гранде беше загрижена за него па јавно на Твитер му посочи дека треба да се грижи за себе. Според анонимни извори за порталот EOnline Аријана Гранда вели дека и покрај тоа што раскинале таа му посакувала сè најдобро во животот и останале добри пријатели, но дека оваа вест ја шокираше.
"Аријана Гранде е многу вознемирена", вели изворот.
Покрај Гранде, голем број на славни личности се збогуваа со раперот објавувајќи фотографии со емотивни пораки на своите Инстаграм профили.