ГДУ: Погрешното знаме за пречекот на Курц е дипломатски скандал

Макфакс

07/09/2018

18:38

1.449

Големина на фонт

а а а

Тоа што денеска се случи пред македонската влада со пречекот на австрискиот канцелар, Себастијан Курц, кој беше пречекан со погрешно знаме е дипломатски скандал во европски размери, смета ГДУ.

„Вакво нешто е недозволиво и за ваква грешка премиерот Зоран Заев треба да бара одговорност од протоколот. Срамно е за една држава и влада да организира пречек на странски државник со туѓо знаме. Македонија е вест број еден и на странските медиуми, но наместо со некој позитивен пример, ние сме главна вест со дипломатски скандал“, велат од партијата. 

Од таму апелираат утре пред посетата на германската канцеларка Ангела Меркел пред да се постави германското знаме на јарболот добро да се провери, протоколот да не го замени со белгиското.



Спонзорирани линкови

Маркетинг