Едно од најголемите засилувања на Ливерпул се уште чека на своето деби

Дерби

07/09/2018

17:10

2.381

Големина на фонт

а а а

Играчот на Ливерпул, Фабињо верува дека е подготвен да го има своето деби за новиот тим откако од него беше побарано дополнително да се адаптира на новата средина.

Бразилецот кој за 44 милиони фунти пристигна на „Енфилд“ од редовите на Монако се уште нема одиграно ниту една минута во Премиер лигата за „Црвените“.

Овој податок е изненадувачки ако се земе предвид дека Фабињо ги одигра сите натпревари во претсезоната и на нив остави солиден впечаток.

- Мојот старт беше добар, добро се адаптирав. Подготовките беа одлични, игравме девет пријателски средби, а јас играв на сите девет. Се навикнувам на стилот на игра на тимот. Поискусните играчи ми помагаат кога во прашање е тактичката подготовка - коментираше Фабињо.

Во медиумите излегоа шпекулации дека Јирген Клоп му задал ултиматум на Фабињо да го научи англискиот јазик, во спротивно нема да игра за клубот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг