Се појави снимка од повикот до Итната помош: Берт Рејнолдс се борел да преживее

Точка

07/09/2018

16:19

5.308

Големина на фонт

а а а

"Има проблеми со дишењето и болка во градите", ѝ велел мажот на Итната помош, тврди американскиот "TMZ".

Берт Рејнолдс почина вчера на 82-годишна возраст од срцев удар, а во медиумите се појави снимка на маж кој повикал Итна помош и пробал да го спаси актерот. 

Кога операторот го прашал мажот дали Рејнолдс е буден, тој одговорил дека е полубуден и дека дише, но не одговара на неговите прашања. На прашањето дали е облеан со студена пот, тој дал потврден одговор, а потоа операторот го прашал дали Берт претходно има преживеано срцев удар, а мажот одговорил дека му вградиле бајпас пред неколку години.

Медицинската екипа била испратена кон домот на актерот, но тој починал од срцев удар во болницата Јупитер во Флорида, опкружен со своето семејство, тврдат американските медиуми.


Актерот е познат по своите улоги во филмовите "Deliverance", "Smokey and the Bandit" и "Boogie Nights". Поради изгледот, тој беше секс симбол и првиот маж кој се фотографирал гол за "Cosmopolitan".

Непосредно пред смртта, Берт бил на филмскиот сет со колегите Бред Пит, Леонардо ди Каприо и Марго Роби, снимајќи го филмот "Once Upon a Time in Hollywood" на Квентин Тарантино.




Спонзорирани линкови

Маркетинг