Политички земјотрес во Бразил: Го избоде на сред митинг, па откри кој му наредил да го стори тоа!

Точка

07/09/2018

15:33

5.071

Големина на фонт

а а а

Напаѓачот на еден од најпопуларните кандидати за претседател на Бразил, Аделио Биспо Де Оливеира, од претходно ѝ бил познат на полицијата поради кривични дела за нанесување на тешки телесни повреди.

Според локалните медиуми, Оливеира наводно на полицајците им рекол дека Бог му наредил да го нападне Жаир Болсонаро, кој што според првичните информации, иако бил прободен со нож во долниот дел од стомакот, повредите не биле опасни по живот.

Сепак, неговиот син Флавио, иако најпрвин порача дека повредата не е сериозна, сега открива дека повредата и не е така наивна како што мислеле докторите.


„За жал, посериозно е од тоа што се мислеше. Убодот зафатил и дел од црниот дроб, белите дробови и цревата. Тој загуби доста крв и за малку ќе починеше. Се чини дека сега неговата здравствена состојба е постабилна. Ве молам, молете се за него“, порача синот на Болсонаро.

Од болницата во која што претседателскиот кандидат бил сместен, откриле дека му бил извршен оперативен зафат, но повеќе детали околу повредата и неговата здравствена состојба не се познати. Од полицијата потврдиле дека тој имал полициска придружба за време на митингот, но за жал тие не успеале да го спречат ненадејниот напад.

Да потсетиме, Болсонаро беше нападнат за време на митинг во град на североистокот на Бразил, откако напаѓач со нож го нападна меѓу луѓето и го прободе во стомакот.

Болсонаро според моменталните анкети е втор по популарност кај бразилскиот народ, веднаш зад поранешниот претседател Да Силва на кого му е забрането да се кандидира за претседател поради отворената истрага поради корупцијата, што можеби значи дека Болсонаро ќе биде идниот претседател на јужноамериканската држава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг