Катастрофалниот земјотрес во Јапонија низ фотографии: 16 мртви, срушени куќи и затрупани лица под рушевините!

Точка

07/09/2018

11:04

2.864

Големина на фонт

а а а

Најмалку 16 лица загинаа во силниот земјотрес кој го погоди Хокаидо, најсеверниот дел помеѓу јапонските острови.

Тоа е најновиот биланс на природна катастрофа на чиј удар се најде Јапонија. Во потрага за преживеаните, спасувачите со лопати и кучиња, пребарувале во рушевините откако синоќа се случи земјотрес со јачина од 6,7 степени кој предизвика десетина одрони во кои се срушиле куќи, а луѓето кои беа во куќите биле затрупани. 


Во Акума, градот со околу 4.600 жители, 26 лица и понатаму се водат како исчезнати.

Официјални лица синоќа соопштија дека во земјотресот најмалку 336 лица се повредени, помеѓу кои пет сериозно, додека 30 се водат за исчезнати.

Земјотресот со епицентар во близина на главниот град на провинцијата Сапора ги разбуди жителите на островот синоќа во 03:08 часот по локално време.


Околу три милиони домаќинства останаа без струја во најновата во низа на катастрофи кои ѝ се случуваат на Јапонија, а премиерот Шинзе Абе изјави дека околу половина домаќинства денес имаат повторно струја.


"Се прогнозира дека ќе има и дожд, што би можело да доведе до нови одрони, па Ве замолуваме да бидете претпазливи", порача Абе.

Јапонската метеоролошка агенција предупредила на појава на земјотрес со сличен интензитет до крајот на неделата. Како што се наведува, синоќешниот земјотрес е првиот земјотрес на островот Хокаидо од 1996 година кој е посилен од 6 степени.




Спонзорирани линкови

Маркетинг