Вознемирувачка снимка: Рутинска контрола на автопат се претвори во филмска потера со пукотници

Точка

06/09/2018

21:32

5.302

Големина на фонт

а а а

Оваа ситуација изгледаше како снимање на холивудски филм, но беше навистина драматична реалност.

Снимката од полициски хеликоптер покажа како ескалираше рутинската контрола на автопатот во Бексар Каунти во Тексас, САД. 

Според американските медиуми, полицајците стопирале црн Крајслер 300 со кој управуваше Ернест Мануел Монтелонго, бидејќи се движел во погрешна насока.


Наместо да ги покаже документите, Монтелонго се обиде да побегне и со отворена врата од автомобилот укажуваше да не го следат.

Драматичната потера е завршена со огнена пресметка. 33 годишниот Ернесто пукал во полицијата и го ранил едниот полицаец додека другиот возрати.

Напаѓачот ранет паднал на земја за нешто подоцна да подлегне на повредите во болница, додека ранетиот полицаец се опоравува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг