Извонреден потфат на африканските научници: Родени се првите лавчиња од епрувета кои даваат надеж за опстанок на загрозените животински видови

Точка

06/09/2018

19:07

3.007

Големина на фонт

а а а

Првите лавови чија мајка е вонтелесно оплодена се родени во Резервартот за проучување и зачувување на дивиот свет "Ucutula" во Јужна Африка. Тој потфат го извеле научниците од Универзитетот во Преторија, а две млади лавчиња биле родени пред една недела и се среќни и здрави, пренесува The Times.

Научниците се надеваат дека оваа метода ќе овозможи опстанок на загрозените видови на мачки, како тигар, леопард и либериски рис. 


"Тие се, во секој поглед совршени новороденчиња. Среќни се, здрави, разиграни, а ние сме пресреќни", вели сопственикот на Резерватот Вили Џејкобс и додава дека на приновите им биле дадени имиња Изабел и Виктор, според менаџерката на проектот д-р Изабел Калелта и нејзиниот свршеник.


Додадоа дека новороденчињата ќе се запознаат со останатите лавови кога ќе пораснат и зајакнат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг