Историски момент за Индија, хомосексуалните бракови повеќе не се казнено дело

Точка

06/09/2018

15:34

1.991

Големина на фонт

а а а

Индискиот врховен суд донесе историска одлука со која хомосексуалните бракови повеќе не се казнено дело, јавуваат BBC. Со таа судска одлука се поништува пресудата од 2013 година со која се потврдува законот од колонијалното време познат како поглавје 377 со кој хомосексуалниот однос беше карактеризиран како "неприродно дело".

Судот сега пресуди дека дискриминацијата на основа на сексуална ориентација е темелно кршење на човековите права. Активистите собрани пред судот врескале, а некои се расплакале кога беше објавена пресудата. 


Одлуката повеќе не може да се доведува во прашање

И покрај јавното размислување во поголемиот дел на индиски градови кои го поддржуваат укинувањето на стариот закон, останува силен отпор од страна на верските заедници и конзервативните рурални заедници.


Но, таа пресуда на највисокото правно тело сега е последниот збор за тоа прашање и не може повторно да се дискутира за тоа. Тоа претставува огромна победа на индиската ЛГБТ заедница, вели BBC.




Спонзорирани линкови

Маркетинг