Десетина патници и членови на екипажот кој пријавиле здравствени проблеми на летот на компанијата "Emirates" од Дубаи во Њујорк, веројатно имаат грип, навеле њујоршките здравствени работници.
Како што се наведува, доцна вечер ќе бидат готови анализите и тогаш ќе биде утврдено што ја предизвикало болеста кај патниците, но, ако се имаат во предвид симптомите, изгледа дека станува збор за вирус.
Службениците велат дека десет лица, три патници и седум членови на екипажот, биле хоспитализирани од превентивни причини. Останатите продолжиле со патувањето, додека Центарот за контрола на болести се обидува да ја утврди вистинската причина за болеста.
Авионот на компанијата "Emirates" вчера бил задржан на пистата и ставен во карантин по слетувањето на њујоршкиот аеродром Џон Ф. Кенеди, бидејќи многу патници се пожалиле на здравствени проблеми.
Авионот со 520 патници бил во карантин за да може да се евакуираат околу 100 патници. Некои се жалеле на кашлица, главоболка, суво грло и температура.
Патниците, вклучувајќи го и познатиот рапер Ванила Ајс, на социјалните мрежи поставувале фотографии и клипови од авионот откако слетал на њујоршкиот аеродром.
Ванила Ајс на социјалните мрежи поставил видео од авионот веднаш откако слетал, кога се мислело дека неколку луѓе може да бидат заразени.
Getting off plane & getting temperatures checked. The girl in front of me is pregnant, poor thing! #emirates #emirates203 pic.twitter.com/qRZaCBijZ1
— Erin Sykes (@SykesStyle) September 5, 2018
Опишал дека низ прозорот гледал амбулантни возила, пожарни возила и полициски патроли кои го обиколиле авионот.
Според неговите зборови, патниците кои се чувствувале лошо, седеле кај опашката на џамбо-џетот.
"Реално, беше хаос кога слетавме", им рекол Ајс на новинарите. Тој додал дека пилотот објавил дека постојат здравствени проблеми и дека повеќе луѓе се чувствуваат лошо.
Патничката од бизнис класа, Рагида Дергам, исто така навела дека болните патници биле во пониска економска класа во авионот и оценила дека екипажот добро изреагирал.
Getting off plane & getting temperatures checked. The girl in front of me is pregnant, poor thing! #emirates #emirates203 pic.twitter.com/OXF2j3e5Rq
— Erin Sykes (@SykesStyle) September 5, 2018
Но, некои патници велат дека и пред полетувањето на некои луѓе не им било добро и ја обвинуваат авио-компанијата што не направила повеќе за да ги заштити здравите патници.
"Зошто ги пуштија на летот. Седев со нив 13 часа. Ако станува збор за вирус, сите ќе се разболеме", рекол еден од патниците.
Патничката Ерин Сајкс наведува дека видела како неколку патници биле одведени за да им се пружи прва медицинска помош, но додава дека имало многу патници кои покажувале знаци на болест.
"Интензивно кашлаа, цело време одеа во тоалет", вели таа и додава дека патниците кои се чувствуваат лошо не би требало да патуваат во затворен простор со здрави луѓе.
Истото го мисли и Зет Самба, кој вели дека за време на 13-часовниот лет видел бар еден човек кој кашла и повраќа.
"Бевме загрижени што не знаевме за што станува збор. А потоа слетуваме и гледаме луѓе со маски и ракавици. Како да сум бил во авионот од пеколот", рекол Самба.