Навидум веќе решен меч во бразилското првенство меѓу фаворитот Коринтијанс и тимот од дното на лигата, Сеара.
Меѓутоа, овој пат среќата му се насмевна на тимот од дното, Сеара и тоа благодарение на голот постигнат од страна на голманот, Еверсон кој во 19-тата минута прецизно шутираше за надеж и опстанок на неговиот тим.
Со голот на Еверсон и победата од 2:1, Сеара успеа да се избори за многу важни три бодови во борбата за опстанок во првата бразилската лига.